Солскјер најави засилувања за Јунајтед за да му парира на Сити

од Stefanija Kuzmanovska
341 прегледи

Оле Гунар Солскјер, тренерот на Манчестер Јунајтед, рече дека мора да се засили за да му парира на Манчестер Сити, кој оваа сезона ја освои титулата во Премиер лигата.

Сити синоќа ја освои седмата шампионска титула во историјата на клубот, откако вториот на табелата, Манчестер Јунајтед загуби од Лестер со 1:2 на „Олд Трафорд“. Тоа е петта титула во Премиер лигата за Сити, и трета во последните четири сезони.

„Му честитам на Манчестер Сити за освоената титула, тие се заслужени шампиони. Тие беа наречени, со право, една од најдобрите екипи што беа во Премиер лигата, тие покажаа каде е нивото. Таму сакаме да бидеме. Сè уште не сме таму, тие го поставија нивото, а на нас е да го направиме следниот чекор. Тоа е долг процес и ние знаеме што сакаме да направиме“, рече Солскјер.

Тој изјави дека второто место не е позицијата што ја посакува Манчестер Јунајтед, но дека неговиот тим му отежнал на Сити во последните 10, 12 дена.

„Мора да бидеме доволно големи за да им честитаме. Не ми пречи да го сторам тоа, но знаеме дека сакаме да бидеме таму и тоа е следниот чекор што треба да го направиме. Се надевам дека следната сезона можеме да го направиме тоа како тим и како клуб. Ако сакаме да им парираме, се разбира, мора да го засилиме нашиот тим“, изјави Солскјер за „БТ Спорт“.

Јунајтед е втор на табелата со 10 бода помалку од Сити, а третопласираниот Лестер има 66 бода.

Лестер победи на „Олд Трафорд“ за прв пат од 1998 година.

Слични содржини