Маричиќ: Задоволен сум што динамиката на реформи во правосудството се зголемува

од Берта Китинска
283 прегледи

Министерот за правда Бојан Маричиќ во своето обраќање на презентацијата на Вториот национален извештај од Матрицата на индикатори за мерење на перформансите во правосудството кажа дека е задоволен што динамиката на реформи во правосудството се зголемува. Според Маричиќ, преку дигитализацијата ќе се надминат предизвиците во однос на транспарентноста во правосудството, нешто што се провлекува во повеќе сегменти од денес презентираниот извештај.

-Она што ме радува од Извештајот е зголемената позитивна перцепција кај судиите, и тоа за 17 процентни поени, во однос на индикаторот дека врз донесувањето на одлуките не влијаат приватните интереси, туку тие се донесуваат врз основа на фактите и доказите во предметот. Ова за мене е своевидна потврда на тоа што го говориме, дека судовите се ослободуваат од притисоци и сега тие испорачуваат правда со засилена динамика, истакна министерот за правда.

Според Маричиќ, во правосудството моментално се решаваат проблеми наталожени со години, но и перцепции за судството наталожена со години. Тој кажа дека со посветеност, во еден инклузивен процес, каде што ќе бидат вклучени сите фактори во правосудството ќе може забрзано да се менува сликата за правниот систем.

Слични содржини