УЕФА назначи судии за финалето во ЛШ и ЛЕ

од Vladimir Zorba
203 прегледи

Шпанскиот судија Антонио Мигел Матеу Лахос ќе ја дели правдата на последниот натпревар од Лигата на шампионите помеѓу Манчестер Сити и Челси годинава, потврди УЕФА.

Дуелот меѓу англиските клубови е закажан на 29 мај во Истанбул, иако постојат големи шанси градот на Босфорот да го загуби домаќинството поради лошата епидемиолошка состојба во Турција и одлуката на Велика Британија да ја стави земјата на „црвена листа“.

Последните денови се шпекулираше дека финалето во Лигата на шампионите може да се одржи во Лондон или Порто.

Шпанецот Лахос неодамна беше делегиран да го суди „Ел Класико“, но поради повреда на мускулот, тој му го препушти местото на Хесус Хил Манзано.

Во решавачкиот натпревар од Лигата на Европа помеѓу Виљареал и Манчестер Јунајтед, правдата ќе ја дели Французинот Клемен Турпан.

Град домаќин е Гдањск, Полска, а натпреварот е закажан за 26 мај.

Слични содржини