Момировски за Законот за дивоградби: Се прави дискриминација на луѓето кои со години се мачеа да извадат дозволи за градење

од Nikola Popovski
249 прегледи

Новинарот Горан Момировски смета дека со новиот Закон за дивоградби, има поважни проблеми, а тоа е дискриминацијата на луѓето кои што последните години мака мачеле за да извадат дозволи за градење.

„Сега излегува дека попусто трошеле време, пари, волја, нервози, а одеднаш некој што диво градел е привилегиран. Друг проблем е дозволата за градење или легализирање на објекти во близина на езера, шуми или реки. Не можете за едно евро да легализирате објекти на пример на Кораб или во центарот на Скопје, каде што цените се илјадници евра“, вели Момировски за емисијата „24 анализа“ и спомена бројка од околу 33 до 35 илјади граѓаните кои ќе бидат привилегирани со новиот Закон.

Со оваа масовна легализација , согласно законот, ќе може легално да стане се што било дивоградба. Според последниот извештај на Државниот завод за статистика во 2019 година регистрирани се вкупно 866 бесправно изградени објекти.

Слични содржини