ИЗРАЕЛ ОБЈАВИ СПИСОК: Ова се убиените припадници на Хамас (ФОТО)

од Nikola Popovski
158 прегледи

Израелската армија ги објави имињата на убиените команданти на Хамас. Тие биле убиени во ракетните напади кои Израел ги изврши врз појасот Газа.

Претходно денес, Хамас потврди дека неколку команданти на ова движење биле убиени во израелските ракетни напади.

Станува збор за Басем Иса, командант на градската бригада на Хамас во Газа, Џама Тала, шеф на нејзината сајбер команда и одговорен за подобрување на точноста на ракетите на групата, Џамал Забеда, раководител на истражувачки и специјални проекти во одделот за производство на муниција и Хазем Хатиб , главниот инженер на Хамас во одделот за муниција.

„Сите биле убиени во нападите“, наведува „Шин Бет“.