Израел размислува за копнена воена операција во појасот Газа, а армијата собира сили во пограничната зона, објавија израелските медиуми.
Висок дипломатски извор изјави дека копнената операција е можен одговор на ракетниот напад од Појасот Газа, објави Канал 12, пренесува „Харец“.
Тој додаде дека армијата барала ваква акција, а тоа барање во моментов го разгледува безбедносниот сектор на израелските власти.
Портпаролот на израелските одбранбени сили, Хидаи Зилберман изјави дека Израел собира сили на границата со Појасот Газа за да се подготви за потенцијална копнена операција.
– Нашите трупи го проучуваат теренот и ќе ги користиме кога ќе се донесе одлуката. Иницијативата и времето се на наша страна – рече Зилберман.