Советничка Колариќ поднесе пријава до ДКСК против Шилегов

од Берта Китинска
199 прегледи

Денеска ќе поднесеме пријава до ДКСК за градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, за кој постојат основани сомненија дека ненаменски потрошил над 33 милиони денари народни пари, кои требало да бидат искористени за исплаќање на субвенции за инвертер клими на домаќинства кои се греат на дрва, нафта или мазут, Светлана Колариќ, советничка во Советот на Град Скопје.

-Субвенцијата која требаше да ја добие едно домаќинство е до 62 илјади денари. Сите пари не завршиле кај домаќинства кои требаше да ги заменат своите печки на дрва со инвертер клими. Од свиркачи во Град Скопје имаме информации дека се давани субвенции и на домаќинства кои не ги исполнуват бараните услови пропишани во Програмата донесена од Советот на Градот Скопје на 29-ти јануари 2020 година. Ова е класична злоупотреба која мора да биде санкционирана. Дополнително постои сомнение дека поделбата на субвенциите е вршена и по партиски клуч. Имено на некој од граѓани им било барано да достават потврда од БЕГ дека не се приклучени на градското парно, на други им била прифаќана и изјава на нотар, а на трети не им се барани никакви документи. Применета е произволност и самоволие на градската управа спротивно на Програмата донесена од Совет на Град Скопје, истакна таа.