Претседателот на американската корпорација ИБМ, Џејмс Вајтхурст, за Би-Би-Си во петокот изјави дека верува дека недостатокот на чипови во светот ќе се почувствува уште две години.

„Може да поминат неколку години пред да отвориме доволно дополнителен капацитет за да ги ублажиме сите аспекти на проблемот со недостиг на чипови. Потребно е многу време од развој на технологијата до пуштање во погон на фабриката и потоа пуштање на производот на пазарот“, рече Вајтхурст.

Глобалниот недостиг на чипови, што влијае на голем број индустрии, е поврзан со нагло зголемување на побарувачката за потрошувачка електроника за време на пандемијата, пред се за телевизорите, мобилните телефони и конзолите за игри, како и порастот на побарувачката за автомобили.

Проблемот го влошија зимските бури во Тексас, каде се наоѓаат некои погони за чипови, и пожарот во фабрика во јапонската „Ренесас електроникс“, што претставува 17 проценти од глобалното производство на чипови.

Слични содржини