Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во изјава за медиумите одговарајќи на новинарско прашање кажа дека голем дел од естрадни политичари креваат врева заради донесување на одредени закони додека самите не преземаат никакви мерки во форма на амандмани за да го спречат носењето на тие закони доколку не се сложуваат.
Мицкоски истакна дека не се сложува дека СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ го донеле законот за легализација на дивоградби сложно и дека СДСМ се оние кои континуирано го обвинува ВМРО-ДПМНЕ дека ги кочи законите.
-Па не би рекол дека опозицијата и власта сложно го донесоа, тоа беше закон за кој што разговаравме со Зоран Заев уште на онаа тет-а-тет средба нели тоа беше еден од оние закони кои што опозицијата беше обвинета од страна на власта дека го кочи така што не ги се согласил со ова ваше би рекол провокативно тврдење дека сложно го донесоа. Јас се чудам навистина таму има неколку естрадни политичари во парламентот кои што потоа кренаа голема галама еве во овој стил еве дека опозицијата и власта тоа го донесоа и се чудам зошто тие естрадни политичари не поднесоа неколку илјадници амандмани да го блокираат овој закон ако не се сложуваат има и таква можност пратеникот во парламентот преку филибастеринг да блокира определени законски решенија ако види дека неговото право да го аргументира со амандмани и да интервенира му е ускратено. Така што јас навистина ги одбивам би рекол тие квалификации потенцираше Мицкоски.
Претседателот Мицкоски во врска со информацијата дека претседателот Пендаровски не го потпишал законот за легализација на дивоградби рече дека право на претседателот е тоа да не го стори тоа но дека во минатото ставил потписи на многу поштетни закони како за економијата така за граѓаните и за националните интереси.
Право на претседателот е да не потпише закон тој го искористил своето право јас немам што тука да коментирам можеби треба него да го прашате зошто се одлучил за тој чекор да не го потпише овој закон кој што дошол кај него а потпишаа во минатото многу, многу поштетни закони и за економијата и за граѓаните но и за националните интереси, така што ве упатувам еве да го прашате претседателот Пендаровски што го мотивирало да се одлучи на овој чекор.