Макрон и Бајден едногласни: Израел има право да се брани

од Nikola Popovski
204 прегледи

Денес, во разговор со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, францускиот претседател Емануел Макрон ги осуди ракетните напади врз Хамас и оцени дека „Израел има право да се брани“, пренесуваат светските медиуми.

Како што беше објавено од Елисејската палата, Макрон изразил загриженост и за страдањата на цивилите во појасот Газа, пренесува Ројтерс.

Со ова, Макрон го повтори истиот став како и американскиот претседател, Џо Бајден, кој синоќа изјави дека Израел има право на самоодбрана.

Судирите меѓу Израел и Палестинците траат веќе пет дена и досега повеќе од стотина лица се убиени од палестинска страна, а осум од израелска страна.

Премиерот Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека Израел не планира да попушти во нападите против Хамас во Газа.

Портпаролот на војската на Хамас рече дека израелската копнена офанзива е можност во нивни раце да дојдат уште повеќе мртви војници и непријателски заробеници.

Египетските посредници побараат примирје. Египет честопати служи како посредник меѓу Израел и Хамас и беше клучен играч во завршувањето на минатите конфликти.

Слични содржини