477
Според Министерството за внатрешни работи, две девојки од Штип, на возраст од 21 година, се тешко повредени откако синоќа во нив удрила веспа, управувана од малолетник.
„Несреќата се случила на крстосницата од ул.„Железничка“ со ул.„Гоце Делчев“ во Штип, а мопедот го возел 17-годишен малолетник од штипското село Стар Караорман, кој имал и сопатник исто така малолетник“, велат од полицијата.
Во незгодата Р.М. се здобила со тешки телесни повреди, а А.К. се здобила со телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Штип. За настанот бил известен Јавен обвинител, а увид на местото на незгодата извршила увидна екипа од СВР Штип.