Црна Гора следната недела ќе ги отвори сите граници за туристите, најави премиерот Здравко Кривокапиќ.
По официјалната посета на Грција, тој рече дека земјата стои целосно со Црна Гора, дека ќе обезбеди силна поддршка, особено на инвеститорите кои ќе бидат поприсутни од Грција на територија на Црна Гора.
„Освен исклучителната поддршка што ја добивме, беше посочено дека Црна Гора е лидер на Балканот, дека треба да остане и дека ќе имаме поддршка од грчката влада, бизнисмени и, се разбира, од сите оние кои сакаат да и помогнат на Црна Гора“, рече Кривокапиќ.
Тој додаде дека е среќен што премиерот на Грција, Киријакос Мицотакис, многу скоро ќе ја посети Црна Гора и на тој начин ќе покаже и зајакне се што договориле во текот на трите дена.
„Најважната порака е да се види Црна Гора како Грција на Балканот, односно на Јадранското Море. Тоа е порака што ги зајакнува сите наши патишта и дава надеж дека многубројните инвестициски зафати што ги замисливме ќе се реализираат многу брзо“, рече Кривокапиќ.