Царовска: Се движиме во правецот кој одамна требаше да го фатиме, но државата немаше конкретен план

од Vladimir Zorba
188 прегледи

Се движиме во правецот кој одамна требаше да го фатиме, но за жал, досега државата немаше конкретен план што треба да се направи. Немаше анализи на состојбата, немаше дебата и отворен процес на креирање промени, вели министерката за образование Мила Царовска во интервју за НОВА.

Во последните неколку месеци,според неа, за прв пат граѓаните, граѓанските здруженија, наставниците, учениците и сите други имаат можност да учествуваат во анкети и да си го кажат своето мислење.

– Имаат можност да учествуваат во креирањето на реформите, во утврдувањето на нови законски решенија кои ќе донесат повеќе бенефиции за различни категории тангирани со образовниот систем. И мене ми е особено драго што дискусијата се проширува и сé поголемо е учеството на оние кои имаат искрена намера да помогнат да забрзаме чекор кон интегрирање во современиот образовен свет,истакнува министерката.

Критики секогаш ќе има, посочува Царовска, некои ќе бидат скептични дека тоа што се работи нема да успее.

– Некои ќе бидат вознемирени поради нарушен комодитет, некои исплашени поради потребата да се прилагодуваат на промени и нови состојби. Некои пак, поради политички мотиви ќе мора да бидат сосема на спротивната страна од вас, иако можеби не сакаат така и не веруваат дека има подобра опција. Во однос на ова само жалам што често го прават на подмолен начин преку изнесување на невистини и доведување на сограѓаните во заблуда, додава министерката.

Слични содржини