Шеќеринска: Денешната донација на вакцини од Кина е вистинска помош во вистинско време

од Andreja Salpe
176 прегледи

Министерката за одрабана, Раддмила Шеќеринска од поликлиниката Јане Сандански истакна дека кинеските вакцини стигнуваат во вистински момент.

,,Денешната донација на вакцини од Кина е вистинска помош во вистинско време. Оваа донација следува по посетата на кинескиот министер за одбрана Веи Фенгхе во март, кога се согласивме дека глобалните кризи како што е пандемијата, можат да се решат исклучиво низ заеднички напор и солидарност. Се работи за поголема пратка, 100 000 вакцини со кои ќе го продолжиме вакцинирањето на Армијата и во Министерството за одбрана, а поголем дел ќе ги отстапиме на јавното здравство, односно на нашите граѓани. Ова е пријателски гест на Кина кој го цениме и ќе придонесе за забрзување на вакцинацијата на нашите граѓани, што во моментов е наш најголем приоритет и примарна задача”, напиша Шеќеринска

Слични содржини