Пекинг има намера да го поддржи палестинскиот народ и да помогне во решавањето на несогласувањата со Израел, изјавил кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји за време на телефонскиот разговор со неговиот пакистански колега – Шах Мехмед Куреши.
„Кина ќе продолжи да обезбедува правна помош за палестинскиот народ кој се бори за враќање на своите законски права, тоа ќе помогне во решавањето на постојните проблеми преку фер политички дијалог“, рече Ванг Ји, соопшти кинеското Министерство за надворешни работи.
Според него, Пекинг верува во советничката улога на Советот за безбедност на ОН и смета дека концептот на две држави за два народа ќе помогне во решавањето на сегашниот конфликт.
– Ние инсистираме врз основа на тоа, Палестина и Израел да го продолжат дијалогот – заклучи кинескиот министер.
Претходно, САД го поддржаа Израел во конфликтот со палестинското движење Хамас, нагласувајќи дека Тел Авив има право на самоодбрана.