Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал играат во финалето на турнирот од Мастерс серијата во Рим, а емоциите се слеваа на сите страни во првиот сет.
Во еден момент, Надал беше бесен на судијата поради состојбата на теренот, но ерупцијата на тој „вулкан“ не беше ништо во споредба со она што Ноле го покажа на крајот од воведниот сет.
Имено, откако загуби поен на резултат 5: 5 поради слаб сервис и ненадеен налет на ветер, а потоа при 40:30 имаше двојна грешка во сервисот, Ѓоковиќ влезе во кратка размена на зборови со неговиот персонал.
И бидејќи го загуби дејмот една минута подоцна, Новак навистина се налути.
„Ќе ти ја е*ам мајката!“, викна Ѓоковиќ, одејќи на стол да се одмори.
Не беше јасно кому точно му се обраќаше, но цело време гледаше во својата ложа, па се чини дека еден од членовите на стручниот штаб му замери со несоодветен коментар за време на важен момент во финалето.