Во Словенија Самит на процесот Брдо-Бриони
Самитот на Процесот Брдо-Бриони, на кој ќе учествуваат претседателите на Словенија, Хрватска и шестте од Западен Балкан, ќе се одржи денес во словенечкиот град Брдо кај Крањ.
Беше најавено дека лидерите ќе ја одбележат десетгодишнината од започнувањето на иницијативата и дека „ќе ја реафирмираат и зајакнат својата посветеност за продолжување на процесот на проширување на ЕУ“, но исто така „ќе разменат мислења за актуелните прашања во неформална атмосфера“ .
Заедно со претседателите на Словенија и Хрватска, Борут Пахор и Зоран Милановиќ, на самитот ќе учествуваат претседателите на Србија и Косово, Александар Вучиќ и Вјоса Османи, претседателите на Црна Гора, Северна Македонија и Албанија, Мило Ѓукановиќ, Стево Пендаровски и Илир Мета, како и сите тројца членови на Претседателството на БиХ, Србинот Милорад Додик, Бошњакот Шефик Џферовиќ и Хрватот Жељко Комшиќ.
Самитот на Процесот Брдо-Бриони требаше да се одржи минатата година, на десетгодишнината од започнувањето на иницијативата, најпрво на пролет, а потоа на есен, но и во двата наврати беше одложена заради пандемијата на коронавирусот.
Процесот Брдо-Бриони е словенечко-хрватска иницијатива започната во 2010 година од Пахор, тогашен премиер на Словенија, за зајакнување на меѓусебната доверба и регионалната соработка, со цел забрзување на интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ.