Жените ќе можат да се изберат, во пензија на 62 или 64 години

од Берта Китинска
280 прегледи

Директорката на Фондот за пензиско-инвалидско осигурување, Билјана Јовановска вели дека со новиот предлог-закон кој е во Собрание жените ќе може да работат до 64 години, додека истата возраст останува задолжителна и за мажите.

– За жените останува редовното пензионирање на 62 години, но ќе може да се пензионираат и на 64, по нивен избор, додека кај мажот останува границата од 64 години, рече Јовановска во Утрински Брифинг.

Таа водено појасни дека не може да се докупи стаж за период за кој што граѓанинот немал засновано работен однос.

-Во моментов во сила е Законот каде што оние граѓани кои што работеле, имaле зaснован работен однос, но за одреден период фирмата не им го платитла поридонесот, а отишла во стечај или ликвидација, тогаш лицето кое сака да замине во пензија може да го доплати пензискиот стаж за тој период. Значи не може да се докупи стаж за период за кој што граѓанинот нема засновано работен однос, односно не бил пријавен преку фирма во задолжително социјално осигурување, изјави Јовановска.

Слични содржини