Лажен полицаец изнудувал пари од граѓани за наводни сообраќајки

од Берта Китинска
263 прегледи

Од СВР – Охрид  информираат дека трагаат по лице кое лажно се претставува како полициски службеник и врши измама на граѓани од Охрид, Струга и Кичево.

Според охридската полиција измамникот се јавувал по телефон кај граѓани и во својство на полицаец ги информирал за наводно случена сообраќајна незгода со жртви или тешко повредени лица – членови на нивните семејста.

Користејќи ја нивната вознемиреност и загриженост, од нив се обидувал да изнуди парични средства за натамошна постапка.

Од полицијата ги информираат граѓаните да не наседнуваат на такви информации и истите да ги пријават на 192 или во најблиската полициска станица.

Слични содржини