Тер Штеген го пропушта Европското поради операција на коленото

од Vladimir Zorba
240 прегледи

Дуелот против Селта се покажа како последен во тековната сезона за Марк Андре тер Штеген, имајќи предвид дека голманот на Барселона ќе има операција на тетивата на десното колено, а покрај тоа што ќе го пропушти последното коло во Примера, чуварот на мрежата нема да биде на располагање на германскиот тренер за претстојното Европско првенство.

Искусниот голман се очекува да биде опериран во четврток во Шведска, а истата ќе се изврши под надзор на медицинскиот тим на Барселона.

„Одлучив заедно со медицинскиот тим на клубот да бидам подложен на интервенција на коленото. Тажен сум што го пропуштам Евро 2020 со Германија ова лето. За прв пат по многу години ќе бидам навивач од дома и ќе ја поддржувам својата репрезентација, но се надевам дека ќе славиме на крајот. По летната пауза, кога ќе се вратиме, се надевам дека повторно ќе можам да играм пред навивачите. Ми недостигаат. Ви благодарам за поддршката во тешката сезона“, напиша голманот на социјалните мрежи.

Со отсуството на Тер Штеген, селекторот Јоаким Лев, заедно со практично неприкосновениот Мануел Нојер, ќе го има Бернд Лено на располагање како прва алтернатива, а Кевин Трап е исто така меѓу опциите.

Слични содржини