Германски вирусолог најавува вакцинација против ковид 19 и за 2022 година

од Stefanija Kuzmanovska
310 прегледи

Шефот на германскиот независен советодавен панел за вакцинација, вирусологот Томас Мертенс, вели дека постои голема веројатност сите следната година да мора да се вакцинираат против ковид 19. Тој додаде дека „вирусот нема да не напушти“ и дека тековните вакцинации нема да бидат последни.

– Во принцип, ние мора да се подготвиме за можноста сите да треба да бидат имунизирани и следната година – рече Мертенс.

Тој за новинската група „Функе“ изјавил дека во моментов нема информации кога ќе бидат потребни дополнителни дози, а здравствените експерти ќе треба да почекаат уште неколку месеци за да видат дали заштитата од коронавирусот се намалува кај одредени групи на луѓе, објави АП.

Слични содржини