308
Охридскиот градоначалник Константин Георгиески изјави дека за разлика од другите општини, тие како општина согласно препораките на УНЕСКО, биле обврзани да изработат инвентар на бесправни објекти.
„Не станува збор за 20.000 како што претходно објавуваа. Имаме 16.000 предмети за легализација општината и тоа добар дел како незапишани од минатото. На пример, немаме имотен лист за спортската сала“, вели Георгиевски за емисијата „24 анализа“ и додава дека имаме само две опции со спорниот закон, а тоа е рушење или легализација.
„Трето нема. Проблемот е во тоа што не работиме на праевенција. И сега да донесеме закон за легализација, што ќе правиме за дане ни се јавуваат повторно бесправни објекти“, потенцира градоначалникот.