Германските „Зелени“ се за откажување на кратките летови

од Stefanija Kuzmanovska
344 прегледи

Аналена Бербок, кандидатката на германските зелени за канцелар, бара засилено оданочување на авионските летови и укинување на кратките летови, пренесе „Дојче веле“.

Бербок, која има големи шанси да стане канцелар по изборите во септември, за таблоидот „Билд“ изјави дека „не е фер да се субвенционира керозин со даночни пари, додека патувањето на далечина со железница е скапо, особено во ударниот термин“.

Така, Бербок има намера, меѓу другото, да се бори и против климатските промени. Според неа, „дампинг-цените“ на летовите на авиокомпаниите ја оштетуваат климата.

Кандидатот на Зелените е во право, пишува „Ројтлингер генерал Анцајгер“. „Не може да биде значително поевтино да се лета од Штутгарт до Берлин отколку да се оди со воз. Слично е и со супер-понудите за летови до дестинациите на градскиот или островскиот туризам. За заштита на климата има ист ефект како и маиците кои се продаваат за две евра. Сè е толку ефтино, но цехот се плаќа на друго место“, пишува весникот.

Слични содржини