Ќе можат да се имунизираат македонски граѓани: Бугарија отвори два вакцинални пунктови на границата

од Nikola Popovski
400 прегледи

Од денес се отворени два центри за вакцинација против Ковид-19 на граничните пунктови со Република С. Македонија, кај Станке Лисичково – Делчево и Златарево – Ново Село. Граѓаните на Република Северна Македонија ќе можат да бидат имунизирани во нив, објави вечерва бугарската телевизија БНТ.

Според објавеното, отворањето на мобилните пункотив е идеја на бугарскиот филантроп д-р Милен Врабевски. Тој за Радио Благоевград изјави дека сега можат да се вакцинираат граѓаните на Северна Македонија со бугарски пасоши, постојаните жители, но и привремените жители и нивните семејства.

„Вакцинацијата започна денес во 14 часот, според списоци, но од среда ќе објавиме зелени коридори, што значи дека граѓаните од другата страна на границата ќе може да дојдат слободно и ќе се вакцинираат“, рекол д-р Врабевски. Обезбедените вакцини се од компаниите „Фајзер“, „Модерна“ и „АстраЗенека“.

Тој објаснил дека интересот е многу голем и досега се регистрирани околу 2.000 лица.

„Ќе се обидеме, во совршен ред, да не одбиеме никого и да можеме да ги покриеме сите што сакаат, што најверојатно ќе се зголеми во наредните месеци. Пунктовите се наоѓаат во тампон-зоната. Ние нема да ги вратиме локалните луѓе кои одлучиле да се вакцинираат и сметаме дека ќе им биде полесно. Воспоставената организација е во целосна синхронија со Министерството за одбрана, Министерството за внатрешни работи, Царинската агенција, нашето Министерство за надворешни работи и Министерството за здравство“, изјавил Милен Врабевски.

Слични содржини