Трамп си замина, а наскоро ќе бидат укинати и неговите царини за европскиот челик

од Stefanija Kuzmanovska
293 прегледи

САД и Европската унија започнуваат преговори за укинување на царините за челик, што официјалниот Вашингтон ги воведе за време на претседателскиот мандат на Доналд Трамп.

Претставникот на трговијата на САД и Европската комисија очекуваат решение пред крајот на годината. Тие велат дека целта е да се стави крај на спорот инициран пред Светската трговска организација.

Во јуни 2018 година, САД воведоа царина од 25 проценти за европскиот челик и десет проценти за алуминиумот, повикувајќи се на национална безбедност.

По неколку обиди да се постигне договор со администрацијата на Трамп, Унијата покрена спор пред Светската трговска организација и воведе контрамерки – ги стави на црната листа американското виски, путерот од кикирики и сокот од портокал.

Слични содржини