Црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ рече дека самитот на Брдо кај Крањ донесе заклучок со кој се предлага проширувањето или пристапувањето на земјите од Западен Балкан во ЕУ да се базира строго на индивидуалниот напредок на секоја земја.
Како што беше соопштено од кабинетот на црногорскиот претседател, тој исто така предложи усвојување заклучок што би претставувало остро спротивставување на идеите за промена на границите на Западен Балкан, но не беше постигнат консензус за таа идеја.
„Значи, заклучоците беа оставени без тој дел, но заклучокот што јас исто така го предложив беше прифатен, за да се нагласи дека нашата заложба за проширување или пристапување на земјите од Западен Балкан во ЕУ продолжува да се базира строго на принципот на регата, почитувајќи го индивидуалниот напредок на секоја земја“, рече Ѓукановиќ.
Тој додаде дека Црна Гора веќе деветта година го води процесот на преговори со ЕУ, дека постигнала значителен напредок, позначаен од сите други земји.
„Секако, свесни сме дека би било многу важно целиот регион да стане дел од ЕУ во блиска иднина. Тоа би била најсигурната гаранција за стабилност, економски и демократски просперитет, но не сакаме да се откажеме од годините во кои работевме вредно на реформите и кои не доведоа до членство во НАТО и до денешната позиција во која Црна Гора е единствена земја аспирант, која ги затвори сите поглавја во преговорите“, рече Ѓукановиќ.