Министерот за правда Бојан Маричиќ по вакцинацијата рече дека тие немале привилегија што денеска се вакцинираат Фајзер бидејќи минатата недела другите членови на Владата се вакцинирале Синофарм.
-Минатата недела се вакцинираа со Синофарм, идната веројатно со некоја друга вакцина. Така што нема никаква привилегија во таа смисла ниту пак се информиравме, ниту пак прашувавме со која вакцина ќе се вакцинираме. Стратегијата или ставот на Владата е како и сите други граѓани кога ќе дојдеме на ред која вакцина ќе дојде со таа ќе се вакцинираме. И во таа смисла не сме на ниту еден начин посебно третирани, посебно од сите останати коишто денес се вакцинираат во центарот „Борис Трајковски“, нагласи Маричиќ.