УЈП најави присилна наплата за фирмите кои добија финансиска поддршка, а се уште не дале плати

од Andreja Salpe
331 прегледи

Согласно Законот за финансиска поддршка на работодавачите погодени од здравствено-економската криза предизвикана од вирусот COVID-19, Управата за јавни приходи им овозможи на работодавачите да го остварат правото на финансиска поддршка заради исплата на платите за месеците февруари и март 2021 година.

Според службената евиденција на Управата, сите работодавачи немаат извршено уплата по МПИН пресметките за овие месеци, со што не се уплатени долгуваните износи на социјални придонеси и данок и не е исплатена платата на вработените лица, информираат од УЈП.

Оттаму ги повикуваат даночните обврзници – работодавачи кои не ги платиле доспеаните обврски по МПИН пресметките за месеците февруари и март 2021 година, долгот да го платат пред започнување на активностите на Управата за јавни приходи за присилна наплата.

-После овој повик, Управата за јавни приходи ќе започне со доставување на опомените до должниците и решенија за присилна наплата до носителите на платен промет, со цел наплата на неплатените МПИН, велат оод УЈП.

Посочуваат дека доброволното плаќање на даноците, изразено како подготвеност на даночните обврзници за законско, правилно и навремено исполнување на даночните обврски, ефикасноста, ефективноста и намалувањето на административниот товар, изразени како самооданочување без спроведување на даночна постапка, како и меѓусебната доверба меѓу Управата за јавни приходи и даночните обврзници изразена како транспарентност во меѓусебните очекувања и преземање одговорност за ризиците, се темелни принципи при прибирањето на даночните приходи.

Слични содржини