193
Индискиот Biological E. покрај својата, ќе ја произведува и вакцината против коронавирус на „Џонсон и Џонсон“, што може да ги зголеми вкупните залихи на земјата во сегашните околности на недостиг на вакцини.
„Инфраструктурата и капацитетите се целосно одвоени за двете вакцини, и ќе ги произведуваме и едната и другата независно“, рече извршниот директор на компанијата Махима Датла, пренесува „Ројтерс“.
Од Biological E. во февруари потврдија дека е договорено производство на околу 600 милиони вакцини на „Џонсон и Џонсон“, но индиската влада не го вклучи ова производство во списокот на потенцијални вакцини објавени минатата недела, додека компанијата минатиот месец објави дека побарала дозвола за клинички испитувања во Индија.