Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски изјавил дека нема апсолутно никаква информација од страна на надлежните за тоа што во моментот се случува и дали течат преговорите со Бугарија.
„Единствената информација која што ја имаме или информации се оние кои што се јавно достапни кои што практично се официјални изјави на евродипломати и луѓето кои што во Македонија се задолжени за евроинтегративниот процес, тука пред се мислам на Зоран Заев, Бујар Османи и Никола Димитров“, вели во гостување на Рома Њуз.
Тој смета дека премиерот Зоран Заев тргувал со националните интереси и со тоа ја отворил Пандорината кутија.
„Првата работа е кога Зоран Заев ја отвори Пандорината кутија и кога одлучи на сметка на националните интереси, државните интереси да тргува, да се пазари со нашите соседи мислејќи дека на тој начин ќе го одблокира евроинтегративниот пат, тој не беше свесен дека на тој начин ги урива сите преговарачки позиции кои што се создавани со години и дека кога еднаш ќе ја отворите Пандорината кутија многу тешко ќе ја затворите таа Пандорина кутија и дека на барањата практично на соговорникот ќе му нема крај, затоа што вие сакате да бидете каде што е вашиот соговорник“, посочува Мицкоски.