Мадс Микелсен: Не пијат алкохол исто во Америка и Данска

од Vladimir Zorba
384 прегледи

„Ќе биде интересно да се види римејкот“, вели Мадс Микелсен, главниот актер во „Another Round“, на најавите дека Леонардо ди Каприо ќе ја сними американската верзија на оваа данска продукција.

Ден по Оскарите се прошири веста дека правата за преработка на „Another Round“ од данскиот режисер Томас Винтерберг ги купи продуцентската куќа на Леонардo ди Каприо, а холивудската ѕвезда беше мета на критики поради тоа. Сепак, Винтерберг го бранеше Ди Каприо.

Но, останува отворено и главното прашање, како Ди Каприо ќе ја oдигра улогата што Мадс Микелсен веќе ја одигра брилијантно, како и што за тоа мисли данскиот актер, кој исто така има завидна кариера во Холивуд.

Сега проговори Микелсен.

„Секогаш е проблематично да се направи римејк, но од друга страна, разбирам зошто се прави. Иако многу луѓе може да го погледнат оригиналот, тој не е толку голем. Претходно реков дека имам впечаток дека многу Американци го гледале филмот. Значи, ќе биде интересно да се види тој римејк“, рече Микелсен, објави„ Ентертејменмент викли “.

За Микелсен, многумина проценуваат дека тој одиграл улога за „Оскар“ во филмот. Како одговор на намерата на Леонардо ди Каприо да сними римејк, актерот проценува и дека новата верзија може да покаже културолошки разлики.

„Постојат некои културолошки разлики кога станува збор за алкохолот од нација до нација, особено меѓу Данска и Америка. И секој секогаш прашува: нема ли да пристапат на тоа сосема поинаку во Америка? Можеби. Можеби не. Мислам дека филмот е за прифаќање на животот и повторно откривање на животот на секој поединечно. Ако го сторат правилно, можеби можат да имаат одредени слободи кога станува збор за алкохолот“, заклучи Микелсен.

Слични содржини