Зелената партија се докажува на терен не од говорница, потребно е обединување и посилен ДОМ пред локалните избори, вели за Утрински брифинг Ана Петровска, ДОМ
-По парламентарните избори нашата претседателка одеше сам да преговара и имаше дела од одборот кој преговараше тајно. Идејата беше да ме тргнат од раководно место во министерството и таму да внесат друг човек. Во моментот имавме заменик министер од ДОМ, но не сум сигурна дека ја пренесува зелената идеологија на правилен начин
Таа вели дека се разнишани односите има незадоволство од работата на терен.
– Претседателката и блиски нејзини луѓе одеа по Општинските организации да бараат моја смена. Аргументите беа дека без нас партијата ќе има поголема кохезија. Токму заради тоа рековме, ајде да седнеме, да разговораме да се обединиме и посилни да излеземе на локалните избори, додава Петровска. Јас се уште сум член на партија, без оглед што комуникацијата е нарушена. Мирослав Богдановски рече дека останува во коалицијата на парламентарно ниво и ќе ја претставува идејата на ДОМ, изјави Петровска.