Бебе Реџа е разочарана од неуспехот на нејзиниот втор албум „Better Mistake“, кој го издаде на 7 мај 2021 година.
Таа се огласи на Твитер, потврдувајќи дека бројките по првата недела од продажбата, како и стримингот на албумот на стриминг услугите, не се добри.
И покрај големите имиња на албумот, вклучувајќи ги Доја Кат, Ту Дола Сајн, Лил Узи Верт и Рик Рос, тој дебитираше на 140. место на најпродаваната листа на албуми на Билборд, принудувајќи ја да биде искрена како и секоја поп-sвезда порано.
„Ова е вознемирувачко“, напиша таа. „Но, јас нема да се предадам. Јас својата кариера ја градев на неуспеси и никогаш не се вклопував. Јас нема да запрам. Никогаш не сум и никогаш нема. Јас сè уште верувам во овој албум. Јас сè уште туркам напред“, напиша Бебе.
„Луѓето брзо се откажуваат. На тој начин нема да победиш. Едно нешто што секогаш ќе го правам – секогаш ќе бидам искрена“, додаде таа.