Кина ги објави првите слики од својот ровер на Марс (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska
479 прегледи

Кина ги објави првите слики направени од нејзиниот ровер Џуронг на Марс.

Според Би-Би-Си, роверот слетал на Црвената планета рано во неделата, по време на Пекинг, и со тоа достигнување, Кина е втора земја, по Соединетите држави, која успешно постави сонда на површината на Марс и управувала со неа подолг временски период.

Кинеските научници се надеваат дека ќе можат да добијат најмалку 90 марсовски дена служба од роботот со шест тркала лоциран во утопија Планитија, огромен терен на северната хемисфера на планетата.

Џуронг наликува на возилата на американската вселенска агенција (НАСА) Spirit and Opportunity од 2000-тите, тежок е околу 240 килограми и се напојува со склопувачки соларни низи.

Високиот јарбол носи камери за помош со слики и навигација, а пет дополнителни инструменти ќе ја истражуваат минералогијата на локалните карпи и општата природа на животната средина, вклучувајќи ги и временските услови.

Слични содржини