Јувентус преку Аталанта до трофејот во Купот

од Vladimir Zorba
330 прегледи

Фудбалерите на Јувентус успеаја да надополнат за лошата сезона. Откако се збогуваа со одбраната на италијанската титула и испаднаа од Лигата на шампионите, „Старата дама“ ја совлада Аталанта со 2:1 во финалето на Купот на Италија и го освои трофејот.

Јуве поведе по половина час игра, а стрелец беше Дејан Кулушевски.

Аталанта успеа да израмни преку Руслан Малиновски на полувреме, четири минути пред да замине на одмор.

Сепак, Јуве успеа да стигне до вториот гол и да победи. Се играше 73-тата минута кога Федерико Киеза ја затресе мрежата на тимот од Бергамо и го постави конечниот исход.

Армијата навивачи на торинскиот клуб сигурно нема да биде задоволна од освојувањето на Купот доколку Јувентус не избори место во Лигата на шампионите следната сезона. На коло пред крајот, тие се наоѓаат на петтата позиција со бод помалку од четвртопласираниот Наполи.

Слични содржини