Поранешниот албански претседател и премиер Сали Бериша, кого вчера Стејт департментот на САД го прогласи за персона нон грата за влез во САД поради наводна корупција, го повика државниот секретар Ентони Блинкен да објави документи што ќе ја поддржат ваквата одлука.
Во долгиот одговор на Фејсбук, Бериша, директно обраќајќи му се на Блинкен, рече дека дознал за одлуката на Стејт департментот од медиумите и додаде дека не е покренато обвинение против него за каква било форма на корупција за три-децениското политичко работење, пренесоа медиумите.
Бериша го повикал Блинкен да ги објави сите факти и документи со кои располага американската администрација или некој друг со цел да го потврди нивното тврдење за него и неговото семејство.
Тој исто така тврди дека е горд на своите ставови и дека отсекогаш работел во интерес на граѓаните на Албанија.