Велосипедистка удрила во отворена врата на такси возило

од Andreja Salpe
237 прегледи

Велосипедистка се здобила со тешки повреди откако со велосипедот удрила во отворена врата на такси возило, информира МВР.

„На 19.05.2021 во 12:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од бул.„Св.Климент Охридски“ со ул.„Пиринска“ во Скопје, велосипедистка Е.П.(50) од Скопје удрила во отворена врата од запрено такси возило, кое по незгодата го напуштило местото. Е.П. била пренесена во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, каде ѝ биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на незгодата извршила екипа од СВР Скопје“, соопшти полицијата.

Слични содржини