Хрватската влада одлучи да купи 12 користени француски борбени авиони Ф3Р Рафал по цена пониска од една милијарда евра, неофицијално објави „Јутарњи лист“, повикувајќи се на добро упатени извори.
Одлуката треба да биде објавена на Денот на вооружените сили, 28 мај. Најстариот авион што би бил испорачан на Хрватска би бил стар 10 години, а според информациите со кои располага „Јутарњи“, Хрватска би платила нешто помалку од милијарда евра за целиот пакет, кој вклучува авиони, обука и оружје.
Советот за одбрана денес и даде поддршка на владата за набавка на борбени авиони.