Која е жената која принцот Чарлс ја запросил пред да ја запознае Дајана?

од Stefanija Kuzmanovska
470 прегледи

Аманда Катчбул била првата жена запросена од принцот Чарлс, а сите детали за тоа беа откриени во новиот документарец за кралското семејство.

Принцот Чарлс го помина целиот свој живот под лупата на јавноста, а она што се следи со децении е неговиот однос со неговата покојна поранешна сопруга, принцезата Дајана и војвотката Камила Паркер-Боулс, со кои и денес е во брак и која се смета за негова најголема љубов.

Но, според последните информации што станаа достапни за јавноста, во животот на Чарлс имало уште една жена, онаа што ја запросил пред да се сретне со Дајана Спенсер.

Документарецот објавен од Канал 4, под името The Royal House of Windsor, прикажува дека на Чарлс брак се обидел да му намести неговиот правујко лорд Маунтбатен, кој сакал да се ожени со неговата внука Аманда Катчбул. Иако таа била негова далечна братучетка и девет години помлада од него, важела за совршен кандидат за сопруга на Чарлс.

„Маунтбатен со години тајно се обидуваше да ја турне Аманда на местото на идната кралица“, открива филмот, во кој детално се наведува како Чарлс ја однел на крстарење на Карибите во 1977 година, кога се верува дека ја запросил.

„Чарлс ја прашал дали сака да му биде сопруга, но тогаш таа му одговорила негативно. Поминаа многу време заедно и всушност верувам дека станаа дури и премногу блиски. Станаа како брат и сестра“, рече еден од нараторите во филмот.

Истата година Чарлс се запозна со Дајана Спенсер со која се ожени во 1981 година, а официјално се разведоа во 1996 година. Во 2005 година тој се ожени со Камила, со која и денес е во брак.

Аманда Катчбул денес е позната како Лејди Елингворт и остана во добри односи со принцот Чарлс.

Слични содржини