288
Претседателот на Сојузот за иднината на Косово, Рамуш Харадинај, рече дека се сомнева дека српските служби го врбувале премиерот на Косово, Албин Курти.
На седницата на Собранието, Харадинај го праша премиерот Курти дали Србија го држи „в рака“ со какви било информации што ги имаат за него.
„Дали Ве врбуваа српските служби за време на вашиот престој во затвор? Дали Србија има нешто за Вас што Ве прави заложник? Дали тоа претставува опасност за Косово?“, праша Харадинај.
Претседателот на Собранието, Гљаук Коњуфча, го привлече вниманието на Харадинај и му рече да внимава што зборува.