По штрајкот со глад за време на кој, како што тврди рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, му се заканувале со лудачка кошула и присилно хранење, од Федералната затворска служба велат дека критичарот на официјален Кремљ се опоравува.
Шефот на Руската федерална затворска служба, Александар Калашников, изјави дека Алексеј Навални „повеќе или помалку“ се опоравил по штрајкот со глад и има можност за комуникација со неговото семејство.
„Можам да кажам дека тој повеќе или помалку се опорави здравствено. Тој веќе тежи 82 килограми. Јаде нормално и има можност за комуникација со неговото семејство“, го цитираше Калашников новинската агенција Тасс.
44-годишниот Навални штрајкуваше со глад кон крајот на март барајќи подобра медицинска нега во затворот откако се соочи со акутни болки во ногата и грбот.
Тој тврдеше дека затворските власти му се заканувале со лудачка кошула со цел да го нахранат доколку не се откаже од штрајкот со глад, што сериозно го загрози неговото здравје.
Минатиот месец, сепак, тој го прекина штрајкот откако доби подобра медицинска нега.
Навални, најистакнатиот критичар на рускиот претседател Владимир Путин, издржува затворска казна во траење од две и пол години за кршење на условната слобода.