Со навршени 75 години, за Хелен Мирен може да се каже дека е легенда. Одиграла бројни улоги за кои има добиено бројни награди, дури и Оскар за најдобра актерка. Иако не прави акробации, таа е добра и здрава, сето тоа благодарение на 12-минутниот тренинг за кој вели дека го правела целиот свој живот.

Го следи планот за физичка подготвеност XBX, што е обврска на припадниците на Кралското канадско воено воздухопловство.

„Секој ден треба да правите вежби кои траат 12 минути. Го правам тоа целиот мој живот“, рече таа еднаш во интервју за британското списание „Хелоу“.

XBX се залага за десет основни вежби. Концептот го смисли канадската војска во 50-тите години на 20 век за нејзините членови сместени во бази без теретана. Тренингот вклучува класични вежби како склекови, трчање во место, високи скокови и стомачни и е дизајниран да развие сила и флексибилност.

Мирен го користи овој тренинг за одржување на кондицијата и подготвување на телото за периоди на поинтензивен тренинг во теретана.

Подолу е видео каде можете да погледнете како изгледа овој тренинг и потоа да го копирате, а почетното ниво на вежба завршува за 12 минути.

Слични содржини