Битиќи: Богатите треба да платат и да вратат на посиромашните

од Берта Китинска
303 прегледи

Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи вели дека би прифатил прогресивен данок оти за време на кризата богатите станаа побогати.

-Даночната реформа значи воведување на прогресивно оданочување , јас велам зошто да не. Затоа што покажавме дека во кризата некои богати станаа уште побогати. И сметам дека заради идеолошко верување треба да имаме прогресивно оданочување, богатите треба да платат и да вратат на посиромашните. Ако значи воведување на посиромашните да плаќаат данок велам НЕ. Затоа што на нив им должиме да излезат од прагот на сиромаштијата и да почнат да живеат достоинствено. Затоа што тоа го заслужуваат тоа, вели Битиќи.

Слични содржини