Кои кучиња живеат најдолго?

од Vladimir Zorba
361 прегледи

Во светот има над 800 раси на кучиња, кои се разликуваат според изгледот, однесувањето, потеклото и нивната првична намена, но и според просечниот животен век.

Најстарото забележано куче на светот – почина три месеци пред неговиот 30-ти роденден – беше мешавина од јазовичар, бигл и териер по име Макс. На неговата долговечност му помагаше фактот дека тој беше мешавина од долговечни раси.

Овие пет раси имаат најдолг животен век и ќе бидат ваши верни миленици повеќе од 15 години:

1. Чивава

Припадниците на оваа мала раса живеат во просек околу 18 години и не се подложни на голем број генетски болести.

2. Ласа апсо

Овие кучиња исто така живеат многу долго, над 18 години. Најстариот забележан член на оваа раса почина на 29-годишна возраст.

3. Бигл

Биглот живее повеќе од 15 години. Најстариот регистриран член на оваа раса живеел 27 години

4. Малтезер

Разиграниот малтезер исто така живее повеќе од 15 години. Тие имаат малку наследни болести што придонесува за нивното здравје и долговечност.

5. Померанец

Померанците живеат околу 15 години. Тие исто така имаат неколку наследни болести, од кои најтешки се проблеми со колената.

Меѓу десетте раси со најдолг век на траење се Бостонскиот териер, пудлица, јазовичар, шнауцер и мопс.

Слични содржини