Проширувањето на Европската унија мора да се заснова на постигнување одржливи резултати во градењето добрососедски односи на Балканот, но ова треба да биде неповратен процес со текот на времето, изјавил претседателот на Буфарија, Румен Радев, кој денес на „Дондуков 2“ се состанач со министерот за надворешни работи на Португалија, Августо Антуш Силва и европскиот комесар за соседство и проширување Оливер Вархеји.
На состанокот учествувал и министерот за надворешни работи Светлан Стоев. Во фокусот на разговорот биле можните приоди за забрзување на процесот на европска интеграција на земјите од Западен Балкан.
Румен Радев го истакна извонредниот напредок на европската агенда постигнат за време на португалското претседателство со Советот на ЕУ и ги истакна напорите на европските институции за уште поблиска интеграција на Западен Балкан во Обединета Европа.
„Бугарија е одговорна членка на ЕУ и ќе продолжи да им помага на кандидатите за пристап во Унијата да ги исполнат критериумите за членство во Копенхаген и да ги промовира принципите на добрососедство и почитување на човековите права, кои се во срцето на европската соработка“, рекол претседателот.
„За Бугарија, европската перспектива на Западен Балкан и проширувањето на ЕУ се неоспорен приоритет“, истакнал шефот на државата, додавајќи дека директниот и отворен дијалог е најважен за постигнување ефективни резултати за земјите кои аплицираат за членство во ЕУ.
„Затоа не сакаме да видиме декларации, туку јасни гаранции за нашата национална безбедност и за нашите национални интереси“, додал Радев.
На средбата биле истакнати и одличните билатерални односи меѓу Бугарија и Португалија.