Актерот Чак Норис сподели со сите дека неговата мајка Вилма Скарбери Најт наполнила 100 години.
– Не можам да верувам, а не може ниту мајка ми! Таа наполни 100 години, леле! – изјавил тој, нагласувајќи дека таа е вистински пример за „верник“.
– Не би бил човекот што сум, да не беше таа. Благословен сум што ја имам – додал Норис.
Да потсетиме, тој дури повеќе пати зборувал во текот на неговата повеќедецениска кариера за неговата блискост со неговата мајка и колку му значи нејзината поддршка. Тој наполни 81 година пред нешто повеќе од два месеци и има пет деца и 13 внуци.
Карлос Реј Чак Норис е роден на 10 март 1940 година во Оклахома, САД. Започнал да учи боречки вештини во Кореја уште во 1950-тите, кога бил во американското воено воздухопловство.