Директорот на Хрватскиот институт за јавно здравје, Крунослав Цапак на прес-конференција ги откри резултатите од учесниците во тестирањето во пилот-проектот организиран во Загреб.
Нема заразени лица меѓу учесниците во двете пилот корона-забави што експериментално биле организирани од Хрватскиот институт за јавно здравје минатата недела, по тестовите што биле спроведени деновиве.
Цапак на прес-конференцијата потсетил дека едната забава е симулација на деловен ручек, на кој учествувале 86 лица вакцинирани со обете дози, а сите, како што рече, биле негативни на ПЦР-тестовите.
Втората корона-забава беше симулација на венчавка каде имало 25 вакцинирани лица, 27 лица кои ја прележале короната и 58 од нив со негативен тест.
Ниту еден од оние кои бил присутен на овие две експериментални забави не се заразил со вирусот, дури и по одржувањето.
– Ова ни покажува дека не се случила инфекција на вакви настани. Ова е доказ дека на тој начин, ако ги оставиме само оние што биле вакцинирани, кои прележале или биле тестирани, можеме да организираме такви настани и дека сме блиску до старото нормално – соопштил Цапак.