Извршниот директор на американската фармацевтска компанија „Модерна“, Стефан Бансел, рече дека најранливиот дел од населението, вклучително и здравствените работници кои се на првата линија со Ковид-19, може да ја добијат третата (бустер) доза на вакцината уште како септември.
Бансел за американскиот „Аксиос“ изјави дека оние кои ги добиле првите дози на Модерна во декември или јануари, би било пожелно добивање на нова доза на почетокот на есента, бидејќи тоа ќе спречи можен нов бран на пандемија на вирусот, објави весникот „Хил“.
„Мислам дека е подобро да се биде два месеци побрз отколку два месеци побавен ако има нови жаришта“, рече Бансел.
Директорот на Фајзер, Алберт Бурла, се надоврза на изјавата на Бансел, додавајќи дека податоците покажуваат дека може да биде неопходна „бустер“ доза осум до 12 месеци по втората доза.