287
Уругвајскиот напаѓач Луис Суарез ја освои титулата со Атлетико Мадрид.
Атлетико по пресврт го совлада Ваљадолид со 2: 1 на гостувањето во последното коло од шпанската Ла Лига.
Голот за победа и титула го постигна Луис Суарез.
Барселона го пушти Суарез и тие го продадоа на Атлетик за 7.000.000 евра.
Тоа се покажа како најдобра инвестиција на Атлетико, бидејќи 34-годишниот напаѓач постигна 20 гола во Ла Лига и гол за титулата.
После натпреварот, тој имаше што да каже, дури и во солзи.
„Барселона не веруваше во мене. Не ме ценеа. Ви благодарам Атлетико, кој веруваше во мене. Благодарен сум им и ќе го ценам тоа засекогаш“, рече Суарез.