ВМРО-ДПМНЕ: Американски институт анализира дека бројката на починати од корона е двапати поголема од официјалната

од Nikola Popovski
222 прегледи

„Во Македонија на 100 илјади жители од корона се починати 482 лица. Оваа бројка ја објавува американскиот институт Хелт дата (Health data) и ја рангира Македонија на шесто место по смртност на 100 илјади жители во светот. И не само тоа,  американскиот институт анализира дека бројката на починати е два пати поголема од објавената или од официјалната бројка за која информираат надлежните во земјата. Значи, Филипче не само што не направи ништо во битката со короната, туку и го крие бројот на починати од корона!“, стои во партиската реакција на ВМРО-ДПМНЕ.

Според нив, и сајтот Ворлдометар (Worldometers), ја става Македонија на светската листа по број на починати на милион жители на четвртото место.

„Сомнежите за работата на Филипче, сомнежот за лажирање на бројка на починати од корона е од американски институт. Филипче кој мисли само на провизии, но не и за здравјето на граѓаните, сега и лаже за бројката на починати. Затоа Филипче ќе одговара!“, наведуваат од најголемата опозициска партија.

Слични содржини